Во рамките на кампањата за подигнување на свеста „Розов октомври“, во OСМУ „Никола Штејн“ се одржа едукативно предавање под мотото „Три јазици, три гласа, една надеж“ – активност што ги обедини знаењето, искуството, емоциите и пред сè моќната порака за љубовта кон животот.
Оваа активност имаше за цел да ја подигне свеста за важноста на редовните здравствени прегледи и раното откривање на ракот на дојката испраќајќи јасна порака до секоја жена, мајка, сестра, ќерка и пријателка: Не ја одложувај грижата за себе! Навремената контрола може да спаси живот!
Дел од панелот беа и нашите ценети гостинки: Мимоза Рамадани – онколог, Вјоса Илјази – лекарка и Симона Давидоска – молекуларен биолог, на кои од срце им благодариме за нивното присуство, посветеноста и подготвеноста да ги споделат своите драгоцени знаења, искуства и совети. Нивниот придонес ја направи оваа средба посебна можност за учење, размислување и разбирање на важноста од грижата за сопственото здравје и зачувувањето на надежта.
Посебна благодарност упатуваме до нашите професорки Вјолца Незири, Нурдан Јахја, Флора Алими, Јулијана Дабеска, Елма Мемеди, Аријана Ибраими и Садет Демири кои со својата посветеност и ангажман му дадоа живот на овој активност од големо општествено значење, под раководство и со поддршка на одговорниот за практичната настава Фатмир Алиу.
Искрена благодарност и до нашите ученички, кои преку своето учество и гласовите на надежта покажаа дека свеста започнува со образованието, дека солидарноста не познава граници и дека младите можат да бидат носители на пораки што прават вистинска промена.
Да не остане розовата панделка само симбол на еден месец туку секојдневен потсетник дека нашето здравје е бесценето, дека ниту една жена не треба да се чувствува осамено и дека еден збор, еден совет или еден навремен преглед можат да ја направат разликата меѓу стравот и надежта.
Три јазици, три гласа, една надеж… Еден глас за подигнување на свеста, еден глас за солидарноста и еден глас за животот!
За секоја жена. За секое семејство. За секој живот што заслужува уште многу убави зори!
















