Нашето училиште како добитник на грант од Министерството за Oбразование и Hаука во рамките на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието, успешно ја реализираше завршната фаза од проектот во партнерство со СОУ „Богданци“ од Богданци.

Оваа соработка обедини не само ученици и наставници од два различни града, туку и срца, идеи и култури кои ги споделуваат истите вредности: почитта, толеранцијата и заедништвото.

Во рамките на проектот беа реализирани две едукативни и интеркултурни активности:

🔹 „Животна средина и рециклирање на хартија“

Во оваа активност учествуваа 16 ученици од ОСМУ „Никола Штејн“ и СОУ „Богданци“ под менторство на 4 наставници од двете училишта.

Преку креативни активности и заедничка работа, учениците развиваа свест за заштита на животната средина, значењето на рециклирањето и одговорноста кон природата.

🔹 „Дигитална писменост и онлајн безбедност“

Во оваа активност учествуваа 16 ученици и 3 наставници од двете партнерски училишта. Учениците имаа можност да научат за безбедно и одговорно користење на технологијата, заштита на личните податоци и превенција од сајбер насилство.

Од нашето училиште во овие активности учествуваа 16 ученици од трите наставни јазици докажувајќи дека различноста е сила што обединува и инспирира.

Активностите беа реализирани со голема посветеност од проф: Мерита Реџепи, Даниела Ристоска, Мируше Салиу и Македонка Стефановска.

За организацијата и координацијата на активностите беше одговорна координаторката на училишниот тим – психологот-Светлана Ристоска, заедно со заменик-координаторката – педагогот Зура Мурат.

Активностите беа проследени и од советникот од МОН, одговорен за реализација на активностите.

Овие денови исполнети со соработка, пријателство и меѓусебна комуникација оставија прекрасни спомени кај нашите ученици, потврдувајќи дека образованието е најсилниот мост што ги поврзува луѓето и гради подобро општество за сите.