На 28.04.2026 година, во OСМУ „Никола Штејн“, беше реализирана едукативна активност од страна на полициските службеници од Секторот за превенција при СВР Тетово, во соработка со претставници на ОБСЕ, во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест за спречување на злоупотребата на мало и лесно оружје.

Предавањето беше одржано на албански и македонски јазик од Мернуш Ферати – самостоен инспектор во Секторот за превенција, СВР Тетово.

За време на презентацијата, учениците беа информирани за:

▪️ значењето на мало и лесно оружје

▪️ ризиците и последиците од незаконско поседување и користење на истото

▪️ правилните постапки во случај на пронаоѓање оружје

▪️ улогата на граѓаните во превенција и пријавување

Активноста се одвиваше со интерактивен пристап при што учениците активно учествуваа преку прашања и дискусии покажувајќи голем интерес за темата.

На крајот претставниците на ОБСЕ поделија едукативни флаери со содржина за учениците.

Благодарност до сите учесници за ангажманот и придонесот во подигнување на свеста за побезбедна средина!