Во амфитеатарот на нашето училиште денес се организираше квиз на знаење за учениците од втора година во стручните предмети, на трите наставни јазици: албански, македонски и турски, опфаќајќи ги сите насоки.
Оваа активност беше реализирана под координација и посветена работа на професорите: Шпреса Даути Муареми, Елма Мехмеди, Хаким Рапики, Јулијана Дабеска, Габриела Веселиновска, Салих Мислими и Хатиџе Зекири, кои со голем професионализам и ангажман создадоа посебна, инспиративна и позитивна атмосфера полна со енергија.
Во натпревар исполнет со емоции, знаење и фер предизвик, учениците покажаа извонредни способности и примерен натпреварувачки дух.
Победници беа прогласени:
– на албански наставен јазик: прво место МАЛИК КУРИУ
– на турски наставен јазик: МЕДИНЕ ИДРИЗИ
– на македонски наставен јазик: АНГЕЛИНА ЃОРЃЕВСКА
Победниците беа наградени од училиштето за постигнатиот успех, додека сите учесници беа пофалени за нивната посветеност, сериозност и покажано знаење.
Овој квиз не беше само натпревар во знаење, туку доказ дека нашето училиште е место каде што се развива знаењето, каде што јазиците обединуваат и каде што учениците ја градат својата иднина со труд, почит и љубов кон учењето.
Им благодариме искрено на професорите кои со голем ангажман создадоа инспиративна, топла и позитивна атмосфера исполнета со добра енергија.
Нивната работа не се ограничуваше само на организацијата туку беше вистински пример за посветеност кон учениците, знаењето и меѓукултурната соработка. Благодарение на нив оваа активност се претвори во посебно и незаборавно искуство за сите учесници.
Со почит и длабока благодарност за вашиот вреден придонес во образованието и развојот на младите генерации.





















