„Иднината започнува со денешниот избор.
Избери со срце, гради со знаење, блескај со труд.“
Денес на градскиот плоштад атмосферата беше исполнета со енергија, насмевки и соништа за иднината, каде што средните училишта од градот Тетово ги претставија образовните профили пред учениците од деветто одделение, нивните родители и наставници.
Со гордост и посветеност дел од оваа активност беа и учениците и наставниците од ОСМУ „Никола Штејн“ кои ги презентираа образовните насоки, работата, успесите и можностите што ги нуди нашето училиште.
Беше задоволство да се види интересот, прашањата и ентузијазмот на учениците од деветто одделение кои денес ги направија првите чекори кон изборот на својата професија и иднина.
Нашето училиште останува посветено да образува, да инспирира и да гради успешни генерации, со знаење, професионализам и човечки вредности.
















