Ученичкиот сојуз на OСМУ „Никола Штејн“, заедно со раков.на практичната настава Фатмир Алиу, педагогот Зира Мурати, психологот Светлана Ристоска, како и професорките Нермина Муради и Маја Симовска станаа дел од една мисија што ги надминува границите на книгите и секојдневните училишни лекции — мисија на хуманост, љубов и насмевка за децата со попреченост.

Во рамките на оваа хуманитарна акција, нашите ученици ги посетија децата во „Братство–Миѓени“ дарувајќи не само симболични подароци туку пред сѐ духовна топлина, прегратки и човечко внимание.

Оваа посета уште еднаш потврди дека нашето училиште не воспитува само професионалци на иднината туку и граѓани со големо срце и силни човечки вредности.

Се надеваме дека во овој месец декември успеавме да донесеме барем малку сјај, радост и топлина во срцата на овие прекрасни деца, правејќи го нашиот свет уште поубав.

Хуманоста е најголемата лекција што може да ја пренесе едно училиште!