Денес 18 ученици од нашето училиште заминаа за Турција во рамките на проектот „The Future of Medical Care“ – Еразмус Кајсери.
Придружувани од координаторот на проектот проф. Зеќир Зеќири, проф. Романа Сепановска и проф. Салих Мислими учениците ќе имаат можност да стекнат нови искуства, да ги прошират своите знаења во областа на здравствената грижа и да доживеат вредно меѓународно искуство.
Овој проект претставува значаен чекор кон професионалниот и личниот развој на нашите ученици, приближувајќи ги до современите практики и меѓународната соработка.
Им посакуваме среќен пат и многу успех во ова посебно искуство!




