По повод 7 Април – „Светскиот ден на здравјето“, кој се совпаѓа и со патронатот на ОСМУ „Никола Штејн” учениците од нашето училиште заедно со професорите по практична настава беа присутни на градскиот плоштад, давајќи значаен придонес за граѓаните.
Со посветеност, грижа и високо чувство на одговорност, тие вршеа мерење на крвниот притисок и нивото на гликоза во крвта, претворајќи го знаењето во служба и хуманоста во дело.
Овој настан не е само практична активност туку и јасен доказ за мисијата на нашето училиште: да создава не само способни професионалци, туку и луѓе со емпатија, подготвени да му служат на општеството со срце.
Горди на нашите ученици и на посветената работа на професорите, продолжуваме заедно да градиме поздрава иднина!
Посебна благодарност до градоначалникот на Општина Тетово, г-дин Билал Касами, како и до раководителите на Секторот за Јавни Дејности и Образование, за нивната постојана поддршка, доверба и соработка, кои му даваат вредност и сила на секој наш училишен активност!














































