Нашето училиште прогласено за SuperSchool и победник на проектот на RYCO!

Денес ОСМУ „Никола Штејн“, меѓу 23 училишта од РСМ, ја доби титулата SuperSchools и го потпиша договорот за добиениот проект на RYCO со наслов „Healthy Futures, Shared Pasts“, во партнерство со училиштето JU Education Center од Црна Гора.

На овој настан присуствуваа значајни претставници како: ?? Делегацијата на Европската Унија, ?? Германската амбасада, г-ѓа Елена Ивановска – Државен секретар во Министерството за образование и наука и г. Фатмир Сабриу – Државен секретар во Министерството за социјална политика, како претставници на Управниот одбор на RYCO.

? Целта на проектот е промоција на благосостојбата, меѓукултурното разбирање и градењето на мир преку дијалог и ангажман на заедницата. Проектот се фокусира на поширокиот концепт на здравје – физичко, ментално и социјално – користејќи неформални образовни методи за развивање на емпатија, критичко размислување и меѓукултурна компетенција.

Проектот има за цел да ги оснажи младите како идни здравствени професионалци, активни и инклузивни граѓани, во согласност со мисијата на RYCO за помирување и соработка на Западен Балкан.

Ова е голем чекор за нашето училиште и извонредна можност за нашите ученици да учат, да споделуваат искуства и да градат мостови на пријателство и соработка.