Учениците од нашето училиште учествуваа на свечената академија организирана од Сојузот на здруженијата на медицински сестри и акушерки на Македонија во рамки на одбележувањето на 12 Мај – Меѓународниот ден на медицинските сестри.![]()
Настанот се одржа во Домот на културата во Тетово и имаше за цел промоција на вредностите на хуманизмот, посветеноста и единството во професијата на медицинските сестри.
Учество на нашите ученици на овој настан претставуваше вредно искуство и доказ за нивната едукација, одговорност и почит кон хуманите професии.
За поддршката и придонесот нашето училиште беше наградено со признание од организаторите на настанот.
Горди сме на нашите ученици кои достоинствено го претставуваат училиштето и вредностите што тоа ги пренесува.
„Професијата на медицинската сестра не е само работа, туку човечка мисија.“











